Кампањата „Лето без пожари“ стартуваше вчера и во Националниот парк Галичица! На почетокот на оваа кампања беше спроведена заедничка активност за запознавање на граѓаните со истата од страна на Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, претставници на Националниот парк и претставници на ПС Ресен.
Со взаемна соработка помеѓу институциите и секако со вашата поддршка, ќе се обидеме да образуваме заедница свесна за ризиците од пожари и го заштитиме нашето природно богатство, посебно во овие жешки летни денови кога ваквата опасност е се поголема!
Полициски службеници и претставници од ЈУНПГ беа и ќе бидат тука да ве запознаат со важни информации за превенција и реагирање во случај на пожари и за нивно превенирање.
Запомнете, „Лето без пожари“ ќе продолжи во текот на летниот период во нашиот прекрасен Национален парк! Вашиот ангажман е од суштинска важност за неговата заштита!
Придружете ни се и заедно ќе го заштитиме нашето бисерче – Националниот парк Галичица!
Со поддршка на паркот, го поддржуваме превентивниот напор и сме благодарни на сите институции што го поддржуваат овој напор!