На ден 23.06.2023 година, во рамки на програмата за долгорочен мониторинг на ЈУНП Галичица, извршивме цензус на колониите на Голем корморан и Сива чапја, на островот Голем Град.
Оваа година, драгоцена помош добивме од сите членки на PrespaNet мрежата на невладини организации кои заеднички работат во меѓуграничниот Преспански регион (МЕД/MES , Society for the Protection of Prespa (SPP) – Грција и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania – Албанија), за што неизмерно им се заблагодаруваме. Огромна благодарност упатуваме и до Спасителната служба при Црвен крст Охрид Ohrid red cross – Mountain Rescue Service која несебично ни помогна во спроведување на активноста со поголем број на нивни членови.
Голема заслуга за спроведувањето на оваа активност има и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, како долгогодишен подржувач на сите чинители кои работат на заштита на природата во поширокиот Преспанско-охридски регион.
Зајакнувањето на партнерствата со граѓанскиот сектор од поширокото опкружување е стратешки интерес на ЈУНП Галичица за постигнување на основната цел, заштита на природните и културни вредности на паркот. ЈУНП Галичица и во иднина ќе вложи напори за негување на стекнатите партнерства и започнување на нови соработки со организации и институции.