На локалитетот Шарбојца – Асан Ѓура, беше извршена мониторинг активност за пребројување на мраморци од видот Triturus macedonicus. Оваа активност се спроведува во рамки на Програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица, а методологијата опфаќа привремено заловување, евидентирање и ослободување на единките во темпоралните локви Асан Ѓура и Симонческа локва. Оваа активност беше спроведена во соработка со Македонското еколошко друштво претставена од херпетологот Др. Драган Арсовски, а исто така активно учество зедоа и експерти од Германија.