Во рамки на Мрежата за искуствено учење беше реализирана посета во Националниот парк Галичица од страна на шведската амасадорка Ами Ларсон, Патриција ДиЏовани претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и Стјуарт Колхаген експерт за искуствено учење од Австралија.
Во текот на посетата беше спроведена и работилницата “Екоамбасадори” со учениците од ООУ “Братство Единство” , Охрид, а исто така беше презентирана и опремата која е набавена за потребите на работилниците кои се реализираат во рамки на истиот проект.
Проектот Мрежа за искуствено учење е спроведуван од страна на Македонско еколошко друштво и UNICEF MK , а истиот е финансиран од Swedish International Development Agency Sida.