Правото за пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите е регулирано со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за општата управна постапка и други закони.
Информациите од јавен карактер со кои располага Јавната установа Национален парк Галичица и правото за пристап до истите на сите правни и физички лица е регулирано со овие закони. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер исто така ги пропишува принципите на правото на пристап, исклучоците од правото на пристап и постапката за остварување и заштита на правото за пристап до информации. Целта на законот е да овозможи и да им обезбеди информации на физичките и правните лица преку отвореност и транспарентност на активностите на јавните органи, во согласност со законот.
Правото на информации се остварува со поднесување барање до Јавната установа Национален парк Галичица Охрид. Доколку барањето е поднесено во писмена форма, потребно е да го пополните Формуларот за апликација за пристап до информации, што можете да го испратите:
Одлука за назначување на лице одговорно за Пристап до информации од јавен карактер
Закон за слободен пристап до инфос од јавен карактер
Закон за општа управна постапка
Барање-за-пристап-до-информации-од-јавен-карактер (pdf)
Барање-за-пристап-до-информации-од-јавен-карактер (word)
Годишна програма за заштита на природата 2021
Годишна програма за заштита на природата 2020
Годишна програма за заштита на природата 2019
Извештај по Годишна програма за 2020 година
Извештај по Годишна програма за 2019 година
План за управување со НПГ 2021-2030 Книга 1
План за управување со НПГ 2021-2030 Книга 2
Кратка верзија на План за управување со НПГ – 2021-2030 (македонски)
Кратка верзија на План за управување со НПГ – 2021-2030 (англиски)