Политика на приватност

Податоци, собирање, употреба

„Галичица“ посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија. Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој „Галичица“ врши обработка на личните податоци. „Галичица“ ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата www.galicica.org.mk и се грижи за заштита на личните податоци. „Галичица“ може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата.

Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна. Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страницата на „Галичица“ како и на сите поддомени. Доколку преку веб-страницата на „Галичица“ е обезбеден линк до други веб-страници Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници.

Е – пошта

Кога ја посетувате нашата веб-страница и се најавувате, или, пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да Ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.

Заштита на лични податоци

Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

Промени во политика на приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница.