Голем град

Детали

Змиски Остров или Свети Петар е остров во Преспанското Езеро и е најголем остров во Република Македонија. Има елипсовидна форма со должина од 750 м, а широк 450 м, со највисок дел 50 м над езерото. Островот Голем Град е исклучително значајно подрачје од Националниот парк Галичица поради постоењето на неколку еколошки феномени.

Од растителниот свет јасно се издвојуваат две шумски заедници и тоа шумата на дива фоја и шумата на вебиевиот бадем и мазната коприква. Од животинскиот свет присутни се големиот корморан (Phalocrocorax carbo) и кадрoглавиот пеликан (Pelеcanuscrispus). Карактеристична појава на островот е тоа што единките од змијата рибарка и скалестата гуштерица се многу покрупни во однос на единките од копнените популации, додека единките на поскокот (Viperaammodytes) се со џуџест раст.

На островот на релативно мала површина сконцентрирани се голем број културно-историски споменици. Освен сочуваната црква "Св. Петар", средновековната црква "Св. Димитрија" постои и ранохристијанска базилика, каде се откриени остатоци од поден мозаик.


Мапа со локација


Галерија