На излетничкото место "Корита" кое се наоѓа покрај регионалниот асфалтен правец P-504 (Трпејца-Царина), на надморска висина од 1340-1350 м., посетителите на Паркот можат да се одморат и да се напијат студена вода од еден од ретките извори на планината Галичица.
Локалитетот е опремен со следната инфраструктура:
На информативните табли ќе најдете податоци за ендемити кои се среќаваат на "Корита". Меѓу нив се издвојува маеров козинец (Astragalusmayeri). Овој вид во Македонија единствено се среќава на планината Галичица. Расте на варовнички камењари, на надморска висина од 1200 до 2100 м. Цвета во втората половина на јуни и јули.
Како и мочуришен шаренец (Euphydryasaurinia), пеперутка од групата шарени пеперутки (Nymphalidae). Овој вид е распространет ширум Европа, но во сé помал број поради што е заштитен со закон. Типично се среќава на влажни, мочурливи тревести живеалишта (оттука епитетот мочуришен). Во паркот се среќава на места до 1500 м.н.в. Лета во периодот од мај до јуни.