Почитувани посетители на Националниот парк Галичица,
Во текот на летниот период, посетата на природните убавини на Охрид и Националниот парк Галичица е во најголем подем. Имајќи ги предвид моменталните временски услови, пропратени со исклучително високи температури и многу висок УВ индекс, опасноста од сончаница, дехидрираност и слични состојби е висок степен. Според тоа Ве замолуваме и препорачуваме, особено при престој во повисоките делови на Националниот парк Галичица да обрнете внимание на следните препораки:
- Понесете доволно количина вода (минимум 2 литри)
- Носете заштитна опрема, заштитен крем (ув фактор мин. 30), капа, очила за сонце.
- Движете се по строго определена патека
- Избегнувајте долготрајна изложеност на сонце во интервалот помеѓу 11 и 16 часот.
- Носете мобилен телефон со полна батерија (во случај на потреба од помош).
Воедно Ве замолуваме доколку забележите одредени неправилности или можна опасност од појава на пожар, пријавете на следните телефонски броеви:
- Број за итни случаи: 112,
- Противпожарна бригада: 193,
- Планинска спасителна служба: 13112,
- Управа на НП Галичица: 046 261473.
Ви посакуваме пријатен престој во НП Галичица