Ранохристијанска Базилика - Студенчишта

Детали

Во близина на Билјанините Извори, во месноста Студенчишта, сочувани се остатоците на базилика која, според досегашните истражувања оваа ранохристијанска градба потекнува од V-VI век. На нејзините подни мозаици, во кружни медалјони, се среќаваме претстави на долгоноги птици, претставени во резервирани движења како и претстави на риби во вода.

Мотивот на рибарски јазол, како и орнаментот во форма на рибини крлушки на мозаиците во некои градби од доцната антика и ранохристијанскиот период во овој регион, зборуваат за риболовот како едно од најстарите занимања на овој народ како и за богатството на езерото со риба

Мапа со локација

Галерија