Лисицата е вид на цицач од фамилијата ѕверови (Canidae). Лисицата е висока од 40 до 50 cm, а должината и изнесува околу 110 cm, додека само опашката е околу 40 cm. Таа обично тежи од 8 до 10 kg. Можат да доживеат до 15 години, но во просек нивниот животен век изнесува околу 12 години. Територијата која ја покрива лисицата обично изнесува околу 4 квадратни километри, а живее во јами што се во главно концентрирани на работ на шумата . Лисиците живеат главно сами, а само за време на парењето доаѓа до зближување на мажјакот и женката. Лисицата го носи младенчето од 50 до 56 дена. Кога ќе се роди, младенчето во просек има маса околу 80 грама, а на врвот на опашката и на градите има бели праменчиња.
Во Националниот Парк Галичица видот се среќава во природните и полу- природните тревести екосистеми, карпести живеалишта како и во дабовите и буковите шуми. Видот е заштитен со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна (CITES Convention, 1973).