Балканската снежна полјанка припаѓа на класата цицачи (Mammalia), ред глодачи (Rodentia) и е ендемореликтен вид кој е единствениот претставник на изумрената група Pliomyini. Тој е ендемичен за Западниот Балкан. Видот се јавува во 3 алопатрички (географски одвоени) филогенетски родовски линии. Планината Галичица претставува најјужната точка на ареалот на распространување на видот, од каде што веројатно е изчезнат во последните декади. Досегашните сознанија упатуваат на заклучокот дека заканата е резултат на компетитивната супериорност од страна на снежната појланка (Chionomys nivalis), која ги зазема природните живеалишта на Балканската снежна полјанка и истата ја потиснува.
Во Националниот Парк Галичица живее на карпести живеалишта. Според светската црвена листа на IUCN (Internacional Union for Conservation of Nature) видот Dynaromis bogdanovii е класифициран како ранлив со статус (VU).