Место за кампирање во дивина "Шарбојца" се наоѓа во близина на планинската куќа Шарбојца (Асан Ѓура) на надморска височина од 1470 м, во зоната на букова шума и високопланински пасишта. Кампот е наменет за краток престој (преноќување). Местото опфаќа површина од 450 м 2 , (25x18 м), заградена со челична жица и 5 локации за шатори (секоја 10,5 м 2 ), сув тоалет и корпа за отпадоци. На овој локалитет нема извор или бунар на вода.