Излетничко место - Јадера

Детали

Излетничкото место "Јадера" се наоѓа на истоимениот локалитет, покрај асфалтен правец P-501 (Охрид-Свети Наум), на надморска висина од 790-800 м.

Локалитетот е опремен со следната инфраструктура:

  • 3 настрешници со капацитет од по 10 седишта (вкупно 30) и централно поставени маси
  • 12 компети маси со по 2 клупи со капацитет секоја од по 8 седишни места, вкупно 96
  • 2 троделни скари
  • Детско игралиште
  • Уреден паркинг за 20 автомобили
  • 2 Информативни табли

Мапа со локација

Галерија