Со оглед на ризиците од пожари а во светло на случувањата во регионот на битолско, ЈУНП Галичица продолжува да ги затегнува мерките за безбедност:
• 24-часовна заштита на шумите во паркот.
• Две вонредни патроли на сите влезови.
• Поинтензивна контрола на главните влезови: Велестово, Дервен, Царина.
• Непрекинат надзор во паркот на лица и возила.
• Редовни проверки на високите точки за потенцијални пожари.
• Соработка со Граничната полиција и други органи.
Благодариме за вашата соработка и разбирање во чување на природата!
Ви посакуваме пријатен престој во НП Галичица