Националниот парк Галичица започнa со спроведување на Граѓанска наука. Граѓанска наука е кога јавноста доброволно помага во спроведување на некое научно истражување. Граѓанските научници можат да собираат податоци, да анализираат резултати и да решаваат проблем.
Ангела Тасеска нашиот соработник за еколошка едукација изјави: „Секој може да биде граѓански научник, без разлика од каде e или колку години има. Потребно е само малку време, љубопитност, желба за истражување, дружење и поминување време во природа. Науката е за секого, без разлика дали знаете многу за наука или малку, дали сте учествувале во наука претходно или не. “
Националниот парк Галичица ја поддржува граѓанската наука поради подобро управување со парковите и подобри искуства за посетителите. За управување со националните паркови, вработените во национални паркови ги користат најдобрите достапни податоци добиени од терен или литература. Но, не секогаш имаат доволно време да ги забележат сите промени во однос на растителниот и животинскиот свет кој се случуваат во паркот.
Националните паркови, кои се отворени за секого, се одлични места за реализација на граѓанска наука, меѓу прекрасните глетки на националниот парк понекогаш е убаво да застанеме, да се фокусираме на мало парче земја и да ги изброиме цвеќињата, да сликаме или да пробаме да пронајдеме одреден вид.
Граѓанската наука е одличен начин посетителите да уживаат и да учат за науката и Националниот парк Галичица.
Превземете го следниот фајл…