Видот Melanargia galathea припаѓа на фамилијата (Nymphalidae). Препознатливи се по нивната црно-бела боја на горната страна на крилата која потсеќа на шаховска табла, додека на долната страна се забележуваат суб-маргинални оцели на задните крила.
Видот е широко распространет во Европа, но се среќава и во северна Африка, Турција, Ерменија. Живее на влажни ливади и најчесто се во колонии до стотици единки. Ларвите од овој вид се хранат со листови од фамилијата треви (Poaceae): Stipa sp., Brachypodium sp. Јајцата се изведуваат во ларви околу средината на Август и хибернираат до следната пролет во Март. Возрасните единки најчесто се активни на облачно време и во попладенвните часови.
Во Националниот Парк Галичица живеат на влажни ливади на пониски надморски височини.