Ктиторскиот натпис над влезот во наосот кажува дека таа била подигната и украсена со фрески во 1361 година. Ктитор на црквата бил ќесарот Гргур, а патрон на нејзината внатрешна декорација деволскиот епископ Григориј, една од највлијателните личности на Охридската архиепископија од средината на XIV век.
Свети Наум Охридски црквата ја подигнал во 900 година и ја посветил на Светите архангели Михаил и Гаврил. Во 910 година, по смртта, Свети Наум бил погребан во малата капела во црквата. Капелата е украсена со прекрасни фрески со сцени од животот и чудата на Свети Наум.