Планинската куќа е сместена во централниот дел на Националниот парк Галичица на надморска височина од 1470 м, на локалитетот Шарбојца (Асан Ѓура). До неа се стигнува од две страни и тоа од охридската страна преку селото Велестово по планински пат со должина од 18,6 км од кои 4,1 км се асфалтен пат и 14,5 км се земјен пат. Од преспанската страна се стигнува по пат со вкупна должина од 9,1 км од кои 3,7 км се асфалтен пат и 5,4 км се земјен пат. Оваа планинарска куќа ви овозможува да се оттргнете од градското секојдневие и да уживате во беспрекорната природа што ја поседува Националниот парк.
Планинската куќа располага со 20 кревети во 4 комплетно опремени соби, кујна, соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса што ќе ви овозможи да се чувствувате удобно и комфорно. Во близина на куќата се наоѓа пештерата Самотска дупка, Симонческа локва, врвот Томорос и многу други вредности кои трајно ќе останат врежани во вашите сеќавања.