За крај на оваа успешна година која ја имаше нашата институција во НП Галичица се реализираше новиот тригодишен договор со Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT на кој посветено и тимски работевме со премногу вложен труд .
Овој договор подразбира тригодишен грант со кој нашата установа се искачува директно на врвот во нашата земја и е највреден потпишан договор во досегашното работење на Јавната установа Национален парк Галичица.
Со овој договор можеме да гарантираме дека ќе се обезбедат подобри услови за управување и заштита на природата, подобрување на условите за туризам и еколошката едукација.