Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05…..111/23), и одредбите од Правилникот за систематизација на работните места, а за спроведување постапка за прием на работник и засновање на работен однос на неопределено време, Јавната установа Национален парк Галичица Охрид Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС 01/2025
За вработување на 1 (едно) лице во ЈУНП Галичица Охрид
ЈУНП Галичица Охрид објавува јавен оглас за вработување на едно лице преку засновање работен однос на неопределено време за следново работно место:
- Назив на работно место: Соработник за живеалишта и растителни видови, Шифра НАП0401А03004, број на извршители 1
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- Да е државјанин/ка на Република Северна Македонија;
- Активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилично писмо;
- Да е полнолетен/а;
- Да има општа здравствена состојба за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му/и е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Ниво на квалификациите со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на биологија, шумарство и хортикултура, животна средина;
- Најмалку 1 (една) година работно искуство
Општи работни компетенции:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, тимска работа, ориентираност кон странки и засегната страни
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски и германски јазик)
Распоред на работно време:
- Работниот однос на оваа работна позиција се заснова на неопределено време;
- Работни денови: понеделник – петок;
- Работни часови неделно: 40;
- Работно време од 07:00/8:00 до 15:00/16:00 часот.
Паричен нето износ на плата: 40.200,00 денари
Кандидатите се должни покрај пријавата за вработување по јавен оглас бр.01/2025, да достават и кратка биографија и кратко мотивационо писмо, како и доказите за исполнување на горенаведените услови, во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:
- Доказ за завршено образование (уверение или диплома);
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место;
- Потврда за неизречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Доказ за работно искуство;
- Доказ за активно познавање на странски јазик;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и компјутери
Пријавата заедно со прилозите се доставуваат лично во Јавната установа Национален парк Галичица Охрид или преку пошта, во затворен плик, со назнака за Јавен Оглас 01/2025, адресиран до: Јавна установа Национален парк Галичица Охрид, Велестовски пат б.б., 6000, Охрид.
Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавување.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавата и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријавата. Доколку недостасува некој доказ, комисијата за селекција ќе го контактира кандидатот преку неговата e-mail адреса или телефонскиот број во пријавата и тој во рок од три дена треба да ги комплетира доказите, во спротивно пријавата ќе биде отфрлена. Пријавата се отфрла и доколку доказот/доказите се лажни.
Со кандидатите кои ја поминале првата фаза на селекција се спроведува интервју.
Изборот за огласеното работно место ќе се изврши во рок од 10 ( десет) работни дена сметано од денот на истекот на рокот за пријавување.