Во Паркот се регистрирани десеттина подземни карстни форми-пештери и пропасти. Пештерата Самотска Дупка е најголемата пештера во Националниот парк Галичица. Се наоѓа на источната страна од скарстената долина Студино, во горниот дел на помал скарстен дол кој попречно се спушта кон Студино.

Влезот на пештерата е изграден во подножјето на компактен карпест отсек висок 10 м. Пештерскиот влез е со широчина од 3 м и најголема височина од 1,2 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со споредните пештерски канали изнесува 224 м. Низ Самотската Дупка некогаш поминувала подземна река. Во пештерата се среќаваат пештерски украси, салви, драперии и пештерски бисери, а сталактитите и сталагмитите се многу ретки.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.