Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05…..111/23), и одредбите од Правилникот за систематизација на работните места, а за спроведување постапка за прием на работник и засновање на работен однос на неопределено време, Јавната установа Национален парк Галичица Охрид Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС 01/2025

За вработување на 1 (едно) лице во ЈУНП Галичица Охрид

 

ЈУНП Галичица Охрид објавува јавен оглас за вработување на едно лице преку засновање работен однос на неопределено време за следново работно место:

 

  1. Назив на работно место: Соработник за живеалишта и растителни видови, Шифра НАП0401А03004, број на извршители 1

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:

 

Општи услови:

  • Да е државјанин/ка на Република Северна Македонија;
  • Активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилично писмо;
  • Да е полнолетен/а;
  • Да има општа здравствена состојба за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му/и е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на биологија, шумарство и хортикултура, животна средина;
  • Најмалку 1 (една) година работно искуство

 

Општи работни компетенции:

  • Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, тимска работа, ориентираност кон странки и засегната страни

 

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски и германски јазик)

 

Распоред на работно време:

  • Работниот однос на оваа работна позиција се заснова на неопределено време;
  • Работни денови: понеделник – петок;
  • Работни часови неделно: 40;
  • Работно време од 07:00/8:00 до 15:00/16:00 часот.

 

Паричен нето износ на плата: 40.200,00 денари

 

Кандидатите се должни покрај пријавата за вработување по јавен оглас бр.01/2025, да достават и кратка биографија и кратко мотивационо писмо, како и доказите за исполнување на горенаведените услови, во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:

 

  • Доказ за завршено образование (уверение или диплома);
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место;
  • Потврда за неизречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Доказ за работно искуство;
  • Доказ за активно познавање на странски јазик;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и компјутери

 

Пријавата заедно со прилозите се доставуваат лично во Јавната установа Национален парк Галичица Охрид или преку пошта, во затворен плик, со назнака за Јавен Оглас 01/2025, адресиран до: Јавна установа Национален парк Галичица Охрид, Велестовски пат б.б., 6000, Охрид.

 

Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавување.

 

Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавата и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријавата. Доколку недостасува некој доказ, комисијата за селекција ќе го контактира кандидатот преку неговата e-mail адреса или телефонскиот број во пријавата и тој во рок од три дена треба да ги комплетира доказите, во спротивно пријавата ќе биде отфрлена. Пријавата се отфрла и доколку доказот/доказите се лажни.

Со кандидатите кои ја поминале првата фаза на селекција се спроведува интервју.

Изборот за огласеното работно место ќе се изврши во рок од 10 ( десет) работни дена сметано од денот на истекот на рокот за пријавување.