...
Културно и Историско Наследство

Ранохристијанска базилика – Студенчишта

Во близина на Билјанините Извори, во месноста Студенчишта, сочувани се остатоците на базилика која, според досегашните истражувања оваа ранохристијанска градба потекнува од V-VI век. На нејзините подни мозаици, во кружни медалјони, се среќаваме претстави на долгоноги птици, претставени во резервирани движења како и претстави на риби во вода.

Мотивот на рибарски јазол, како и орнаментот во форма на рибини крлушки на мозаиците во некои градби од доцната антика и ранохристијанскиот период во овој регион, зборуваат за риболовот како едно од најстарите занимања на овој народ како и за богатството на езерото со риба.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.

Seraphinite AcceleratorOptimized by Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.