Правото за пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите е регулирано со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за општата управна постапка и други закони.
Информациите од јавен карактер со кои располага Јавната установа Национален парк Галичица и правото за пристап до истите на сите правни и физички лица е регулирано со овие закони. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер исто така ги пропишува принципите на правото на пристап, исклучоците од правото на пристап и постапката за остварување и заштита на правото за пристап до информации. Целта на законот е да овозможи и да им обезбеди информации на физичките и правните лица преку отвореност и транспарентност на активностите на јавните органи, во согласност со законот.
Правото на информации се остварува со поднесување барање до Јавната установа Национален парк Галичица Охрид. Доколку барањето е поднесено во писмена форма, потребно е да го пополните Формуларот за апликација за пристап до информации, што можете да го испратите:
на адреса Јавна установа Национален парк Галичица Охрид, Велестовски пат б.б., 6000, Охрид