Слепото куче е вид цицач кој припаѓа на ред глодачи (Rodentia) од фамилијата (Spalacidae). Видот е распространет во Македонија, Србија, Црна Гора, Грција, Босна, Романија, Турција, Украина. Во Националниот Парк Галичица слепото куче распространето е во природните и полу-природните тревести екосистеми како и во обработливите земјоделски површини.
Има силно развиени предни нозе и канџи со кои копа длабоки тунели кои можат да достигнат до 3 метри. Се храни со подземни билки, а омилена храна му се лукот, компирите и други луковичести растенија. Храната ја складира во подземните тунели, а поради тоа што не паѓа во зимски сон мора да складира резерви на храна. Женките најчесто раѓаат од 2 до 4 млади.
Во Националниот Парк Галичица живее во природни и полу-природни тревести екосистеми, како и на обработливите земјоделски површини.