Културно и Историско Наследство

Манастир Св. Наум

Свети Наум Охридски црквата ја подигнал во 900 година и ја посветил на Светите архангели Михаил и Гаврил. Во 910 година, по смртта, Свети Наум бил погребан во малата капела во црквата. Капелата е украсена со прекрасни фрески со сцени од животот и чудата на Свети Наум. Подоцна, во времето на турското владеење, црквата била целосно разурната. Денешната црква била изградена во неколку фази во периодот помеѓу XVI и XVII век врз темелите на старата црква. Во црквата денес не е сочувана фреско-декорацијата од X век, а постојните фрески биле насликани во 1806 година. Друг карактеристичен елемент во црквата е нејзиниот иконостас во позлатена резба, изработен во 1711 година, заедно со повеќето икони.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.