ВлекачиЖивотниР'бетнициФлора и Фауна

Hierophis gemonensis – Балкански смок

Дистрибутивниот ареал на видот е ограничен на источниот крајбрежен појас на Јадранското Море. На планината Галичица, видот продрел најисточно и најдлабоко на копното, во рамките на целиот негов дистрибутивен ареал. Балканскиот смок се среќава на суви каменести места, отворени шумски подрачја, подрачја со жбунеста вегетација, покрај патишта. Оваа змија е дневен и терестричен вид, иако понегокаш се качува по грмушки. Жестоко каса кога ќе се фати со рака. На територијата на НПГ, балканскиот смок е неодамна регистриран во дабовиот појас во близина на Отешево и Лескоец, од авторот на овој извештај (непублицирани податоци). Во рамките на теренските истражувања, присуството на балканскиот смок е потврдено на истите локалитети.

Од Европските документи видот е заштитен согласно Бернска Конвенција (BERN): Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта. Апендикс II: Строго заштитени фаунистички видови.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.