Слатководна риба која припаѓа на фамилијата Cyprinidae. Мренецот е мала риба со должина до 15 см и максимална тежина до 50 грама. Бојата на телото зависи од средината во која живее, но обично е сива, жолтеникава или зеленкаста. По страничната линија има поголеми темни пеги. Околу устата има два израстоци во облик на бркови.
Мренецот најчесто живее во реките и езерата и тоа обично во зима. Во пролет и лето живее во плитки води со карпесто или песочно дно или во нивна непосредна близина. На крајот од летото и почетокот на есента оди во подлабоки води со песочно или глинесто дно. Во октомври се повлекува и презимува во езерата или во речните пештери.
Мренецот е дневна риба која во текот на ноќта, спротиставувајќи се на водната струја, лежи на дното. Мренецот се местри во мај и јуни, кога женката ги испушта лепливите јајца на подводните растенија и каменчиња.