Ластовичкината опашка спаѓа во редот на дневни пеперутки (Lepidoptera) во фамилијата (Papilionidae). Родот Papilio е широко распространет најмногу на северната хемисфера. Видот е доста адаптабилен на различни живеалишта вклучувајќи високопланински, тревести и живеалишта покрај водени површини. Ларвите се црни и обоени со бела линија, а најмногу се хранат со видови растенија од родот Apiaceae(Umbellifreae). Најчесто се размножуваат покрај водени живеалишта, а животниот век им е 2 години. Се карактеризираат со грандиозен лет и можат да прелетаат големи пространства.