Грмушестиот скакулец е вид од редот на правокрилците (Orthoptera) распространет во Европскиот дел на Медитеранот се до источните делови од Азија до Кина. Се карактеризира со големо тело кое достигнува должина до 13 cm и е еден од најголемите Европски инсекти. Се карактеризира како предаторски вид, предните и средните нозе му се силни опремени со остри боцки, додека со големата боцка на задниот дел од телото на специфичен начин ги лови помалите инсекти, а поради начинот на приоѓање на пленот наречен е и „боцкав магионичар“. Активен е приквечерина и ноќе, а на крајот на сезоната и преку ден. Најчесто се размножува асексуално со процес наречен партеногенеза при што единката е клон на родителскиот организам и скоро во сите случаи популацијата е од женски еднинки.
Во Националниот Парк Галичица распростанет е во високопланинските пасишта во грмушки околу местото Два Јавора. На црвената листа на глобално засегнати видови (IUCN), видот Saga pedo има статус на ранливи видови (VU-Vulnerable), заштитен е со Бернската Конвенција (II), а исто така и според Директивата за живеалишта се обезбедува строга законска заштита за овој вид.