Балканската дивокоза – (Rupicapra rupicapra) припаѓа на класата цицачи (Mammalia) во редот на парнокопитари (Artiodactyla). Може да достигне висина до 80 cm, а должина до 130 cm, а некои посилни мажјаци достигнуваат тежина и до 40 kg. Женките во споредба со мажјаците се помали и со помала тежина. Главни предатори се рисот и волкот, а помладите единки можат да бидат нападнати и од орли. Нејзина храна претставуваат тревестите растенија, млади листови од високо планинските грмушки, капини и малини. При процесот на исхрана преживаат. Животниот век им е до 20 години. Во Националиниот Парк Галичица живее во природни и полу-природни суви тревести екосистеми и на карпести живеалишта. Дивокозата е заштитена со Европскиот документ „ Директивата за живеалишта II/IV “.