Дистрибутивниот ареал на видот ја покрива Централна и Источна Европа, вклучително и Балканскиот Полуостров. Оваа жаба е тесно поврзана со стоечките и слабо проточните води, обраснати со богата водна вегетација. Обично е друштвен, дневен и акватичен вид, но може да биде активна и преку ноќ, особено во појужните делови од нејзиниот дистрибутивен ареал. Периодот на парење е од април до мај. Езерската жаба хибернира во водните биотопи. Во НПГ, езерската жаба е многу абундантна во Охридското и Преспанското Езеро, во блатната зона покрај езерата и семи-темпоралните локви.