...

Јазовецот е вид од фамилијата на куни (Mustelidae). Тоа е силно животно со бела, црна до сива боја, со мала глава, црни очи и кратка опашка. Достигнува тежина до 15 kg.Јазовецот се храни претежно со мали цицачи кои живеат на земја, активни се ноќе, а пленот го пронаоѓаат благодарение на добро развиеното сетило за мирис, вид и слух. Имаат силно развиени предни нозе и канџи, а тунелите кои ги копаат во потрага по пленот ги користат и за спиење.

Живеат самостојно, а во текот на сезоната на парење мажјаците и женките ги зголемуваат своите територии во потрага по партнер. Јазовците се парат во доцно лето или рана есен. Во пролет женките ги котат младите, најчесто од 1 до 5, во подземното дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и безпомошни, па женките ги хранат, негуваат и штитат уште 5 до 6 недели. Поголемиот дел од зимата го поминуваат мирувајќи, иако кај нив нема вистински зимски сон.

Во Националниот Парк Галичица живее во природни и полу-природни тревести екосистеми, како и во дабови, букови шуми и земјоделски површини.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.

Seraphinite AcceleratorOptimized by Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.