Богомолките: ред Mantodea се група на инсекти која брои околу 2200 видови, распоредени во 400 родови и 9 фамилии. Во Националниот Парк Галичица се среќава видот Manthis religiosa кој припаѓа на фамилијата Mantidae. Богомолките имаат должина на телото обично меѓу 40 и 80 mm. Женките се поголеми од мажјаците. Богомолките имаат карактеристична форма на предните нозе, кои при чекањето на пленот ги држат во слична положба како рацете на човекот при молитва. Оваа одлика им го дала и името. Освен тоа, бојата и обликот на телото се вешто камуфлирани, што е уште една одлика која им овозможила да бидат успешни грабливци (предатори). За да се скријат од птици и гуштери , богомолките одлично се камуфлираат во вид на ливчиња и гранчиња.
Богомолките имаат интересен процес на парење при кој женката го изедува помалиот мажјак ( сексуален канибализам ). Всушност, женката мора да ја изеде главата на мажјакот за да тој ги направи правилните чекори при парењето.