Модро-црната нимфа е вид дневна пеперутка која припаѓа на фамилијата (Nymphalidae). Најмногу се распространети во Југо-источна и централна Европа како и во западна Азија. Живеат на рабови од шума и ливади на надморска висина до 1600 метри. Ларвите се светло зелени и се хранат со листови од растението Lonicera sp. (Caprifoliaceae). Возрасните единки покрај смукањето некар од цветовите, често се хранат и со сокот од паднати плодови, секрети од мушички и слично.
Модро-црната нимфа има распон на крилата од 46 до 54 mm. Горната страна на крилата е со кафеаво-црна боја со метален син сјај, голема транферзална лента од бели точки и мали субмаргинални сини точки. Пеперутките се се карактеризираат со нивниот брз и грандиозен лет, вешто и прецизно прелетувајќи ги лисјата во шумата. Во Националниот Парк Галичица може да се сретнат на рабовите од дабови и букови шуми. Летаат од Мај до Август, а живеат две години.