Пролетна Гентиана е еден од најниско растечките видови од фамилијата Gentianaceae кое има раст од неколку сантиметри. Ниското стебленце преминува во цвет кој е формиран од 5 ланцеолатни венечни ливчиња во сина пурпурна боја кои цветаат од пролет до почеток на летото. Овој реликтен вид е варијабилен и се јавува во повеќе подвидови и вариетети. Распространета е во Европа и Азија, а во Националниот парк Галичица се среќава на високопланинските пасишта.