Фамилијата на Виолите претставуваат скриеносемени растенија кои опфаќаат околу 800 видови. Тоа се космополитски видови растенија што значи дека се широко распространети: Европа, Западна Азија, Северна Америка па се до Австралија. Најчесто се повеќегодишни растенија со единечни цветови кои се хермафродитни со 5 нееднакви венечни ливчиња. Цветаат од јули до октомври, а цветовите се многу убави и разнобојни со виолетова, сина, жолта, бела боја, а некои видови содржат повеќе бои на истото растение (V.tricolor).Содржат многу ароматични компоненти, а со нив се исхранувват ларвите на голем број видови пеперутки. Често се култивираат и хибридизираат при што се користат во хортикултурата како декоративни видови растенија.
Оваа фамилија во Националниот парк Галичица е претставена со следните видови:
Viola tricolor subsp. macedonica, Viola aetolica, Viola alba, Viola alba subsp. dehnhardtii, Viola chelmea, Viola eximia, Viola kitaibeliana, Viola odorata, Viola orphanidis, Viola pyrenaicaи Viola reichenbachiana.