Цвијиќева качунка е ендемичен вид во Националниот парк Галичица кој припаѓа на фамилијата Iridaceae-качунки. Цвета во рана пролет на периферните делови од снежната покривка која е во фаза на топење. Се карактеризира со бело-жолти цветови составени од 6 венечни ливчиња, а стебленцето е слабо развиено со линејни ливчиња. Останатите видови од оваа фамилија се распростанети од источното Средоземје до средна Азија при што се среќааваат во различни биотопи (степи, ливади и високопланински шуми).