Безр'бетнициЖивотниКопнениФлора и Фауна

Carabus gigas – Голема дабова стрижибуба

Голема дабова стрижибуба е вид кој припаѓа на фамилијата почвени тркачи (Carabidae). Тој е најголемиот Европски тврдокрилец кој достигнува должина од 40 до 70 mm. Грбната страна му е црна и сјајна. Елитрите се овални, силно конвексно заоблени препокриени со околу 15 редови грануларни туберкули(израстоци). Достигнуваат старост повеќе од 3 години. Присутен е во Македонија, Албанија, Србија, Босна, Бугарија, Хрватска, Грција, Австрија, Унгарија, Романија и Словенија. Во Националниот Парк Галичица најчесто живее на субалпските високопланински пасишта.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.