Тој е Балкански ендемичен вид, со ограничено распространување во источниот крајбрежен појас на Јадранското Море. Видот преферира засенчени или делумно засенчени подрачја, и најчесто води скриен начин на живеење. Тој добро се искачува, што е особено уочливо кога седи на светла карпа. За територијата на НП Галичица, доскоро беа регистрирани мали популации на видот само на два локалитета (Пештани на брегот на Охридското Езеро и Отешево на брегот на Преспанското Езеро). Неодамна беа регистрирани два нови локалитети на видот во рамките на НПГ (клифовите во близина на с. Стење, со најабундантна популација на национално ниво, и карпите во близина на пештерата Лескоец).
Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC – Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).