ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА ![]()
![]()
Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари, а согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се воведува забрана за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк Галичица.
Забраната ќе биде во сила од 1 јули до 31 август.
Во овој период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено исклучиво согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк Галичица.
Овие мерки се воведуваат со цел да се заштити природното богатство на паркот, да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари и да се обезбеди безбедност за сите посетители.
Како да ја пријавите својата посета?
Пополнете ја електронската форма и ќе добиете автоматска е-мејл потврда, која треба да ја зачувате и да ја прикажете на овластено лице доколку биде побарана.
Вашата регистрација значи одговорност и придонес за зачувување на шумите и биодиверзитетот на Галичица.
Пријави се тука: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdas15_rykmOMrs-x2h48QAjeF3470Jyt5kNFtBrIWDertUVQ/viewform?pli=1
