Таа е ендемичен вид, ограничен на Балканскиот Полуостров. Речиси секогаш е поврзана со ладни проточни води, и најчесто се среќава во планински подрачја до 2.000 m надморска височина. Обично се среќава во, или во близина на постојани планински потоци со каменесто дно. Таа е активна и преку ден и ноќе. Периодот на парење започнува од април до почетокот на јуни. Поточната жаба претпочита ридови и планини до 2.000 m височина. Во рамките на овие подрачја, таа исклучиво се среќава покрај студени проточни води. Во НПГ, видот е доста редок, ограничен на неколку планински потоци. Во рамките на нашите теренски истражувања, ние не го регистриравме присуството на овој вид, бидејќи не ги истражувавме планинските потоци од западната страна на планината Галичица, кои претставуваат потенцијални локалитети за овој вид.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.