Видот е широко распространет во Европа, со исклучок на најсеверните делови и Иберискиот Полуостров. Преферира светли, релативно суви листопадни шуми во кои доминира дабот, но исто така ги толерира и шумите од бука, бреза и костен. Таа често се среќава и во крајбрежни шуми, покрај реки и потоци. Горската жаба е главно самрачен или ноќен вид, но некогаш може да се сретне и преку ден. Таа не е поврзана со водните биотопи, освен во сезоната на парење (крај на февруари до април). Се мрести во постојани или полупостојани стоечки води. Горската жаба обично хибернира во вода, многу ретко на земја. Во НПГ, видот е релативно фрекфентен од брегот на езерата до 1600 m, главно во шумскиот појас.

Според Европските документи видот е заштитен согласно: Директивата за живеалишта- Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита 92/43/EEC (Анекс IV), Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN), Апендикс II – Строго заштитени фаунистички видови

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.