ВодоземциЖивотниР'бетнициФлора и Фауна

Lissotriton vulgaris – Балкански мал мрморец

Видот е широко распространет низ поголемиот дел на Европа, додека подвидот “graecus” е ограничен на јужниот дел од Балканскиот Полуостров. Овој мрморец е релативно чест вид, првенствено во темпоралните локви во низините. Во споредба со македонскиот мрморец, тој не е толку силно поврзан со акватичните биотопи, со исклучок на сезоната за парење и хибернација. Балканскиот мал мрморец се пари во мирни, најчесто плитки води (од март до мај), преферирајќи секогаш мали обраснати со вегетација локви, ендеци и др. Нивните ларви живеат блиску до дното на локвите, за разлика од адултните единки, кои ја преферираат површината.

Мажјаците достигнуваат полова зрелост на 2 до 3 години, а женките малку подоцна. Адултните животни обично презимуваат во водните биотопи. Во рамките на НПГ, видот се среќава од мочуришните делови покрај езерата па се до темпоралните локви и бари до 1600 m надморска височина.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.