Васкуларни растенијаФлора и Фауна

Fragariavesca – Шумска Јагода

Шумската јагода е претставник од фамилијата рози Rosaceae која брои повеќе од 4800 видови растенија. Тие се повеќегодишни растенија, а најзастапени се на Северната хемисфера. Шумската јагода е карактеристична по своите троделни назабени листови и белите цветови. Најчесто се размножува вегетативно со столони, а поретко генеративно од семка. Се среќава на високопланински пасишта, на рабови од шума како и на отворени терени најчесто на засенчени места. Се карактеризира со силна пријатна арома на плодовите, а исто така наоѓа примена и во традиционалната медицина како лек против стомачни болки.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.