ВодоземциЖивотниР'бетнициФлора и Фауна

Bufo bufo – Голема крастава жаба

Голема крастава жаба. Дистрибутивниот ареал на подвидот “spinosus” е ограничен на Медитеранскиот регион (Gasc et al., 1997). По однос на хабитатните типови и вертикалната дистрибуција, оваа крастава жаба е еден од најкарактеристичните убиквисти од европските водоземци. Најчесто видот се среќава во рамките на шумскиот појас. Таа е главно ноќен вид, кој се крие преку ден, вообичаено во едно посебно засолниште. Миграциите кон локвите за парење секогаш почнуваат на есен, но финалните патувања се прават на пролет (од март до мај), кога голем број единки од овие жаби може да се видат како се движат преку ноќ. Тукушто метаморфозираните млади жабчиња се многу мали (од 7-12 mm) и во првите месеци се исклучиво активни преку ден. Во НПГ, видот е распространет во дабовиот и буковиот шумски појас, на височина до 1.500 m.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.