Дистрибуцијата на подвидот “scabra” е ограничена исклучиво на Балканскиот Полуостров. За оваа жаба е карактеристично што е изразито акватичен и друштвен водоземец, кој се среќава во плитки, сончеви и најчесто во темпорални води. Како места за мрестење ги користи локвите во отворените шумски терени или во близина на рабовите на шумите, но исто така и во различни типови на стоечки води. Овој вид е исклучително редок над шумската зона (Sidorovska et al., 2006). Жолтиот мукач е главно дневен вид, со исклучок во периодот на парење, кога може да биде активен и во текот на ноќта. Сезоната на парење започнува од крајот на март до мај-јуни. Возрасните единки хибернираат надвор од водната средина. Во НПГ, оваа жаба е со дисјунктивна дистрибуција која е ограничена на мочуришните делови покрај двете езера, планинските извори, како и во темпоралните локви и бари.

Видот е Балкански ендемит и е заштитен согласно Европскиот документ „ Директивата за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.