Алпска или планинска саксифрага е повеќегодишно растение кое припаѓа на фамилијата Saxifragaceae. Коренчињата формираат столони (колонијални поврзувања), цветовите се бели со црвени точи, а стебленцата црвеникави кои растат до 30 cm. Цвета од јуни до август, а интересно е што кај овој вид се јавува самоопрашување. Карактеристични се кожестите ливчиња кои се здружени во розета, на допир се остри и отпорни се на суша. Распространета е во Европа, Азија и Северна Америка. Во Националниот парк Галичица се среќава на карбонатните карпи на надморска висина над 1600 метри.