Припаѓа на фамилијата Euphorbiaceae или народно позната како млечка. Тие се сукулентни растенија со месести листови кои во стебленцето содржат млечни канали. Растат до 30 cm, со спирално распоредени листови, а соцветието е со жолта боја. Течноста (млеч) која ја содржат може да предизвика иритација на кожата. Застапени се во југо-источна Европа, мала Азија, Италија, на Балканот, на Крим и Турција. Во Националниот парк Галичица е широко распространет и често се среќава.